Секое семејство кое живее на територијата на Општина Дојран, со дете кое веќе уредно е запишано во О.О.У „Кочо Рацин“ Нов Дојран, односно во некое од подрачните училишта во населените места од општината, има можност да добие еднократна исплата од 4.000 денари! ![]()
За да се искористи еднократната парична помош, родителите на првачињата треба да ги достават следните документи до општина Дојран:
Извод од матична книга на родените на детето;
Број на трансакциска сметка на родителот;
Копија од лична карта на еден од родителите;
Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/25 година;