Драги мои сограѓани,
Кога се честита од срце, без исклучок, секогаш се пишуваат најубавите зборови.
Нека овие големи православни празници во вашиот дом донесат мир и благосостојба. Божиќ е најсветиот и најрадосниот христијански празник, празник на семејството и мирот, празник на Христовото раѓање, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза.
Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домовите и семејствата, а доброто здравје, духовниот мир и меѓусебното разбирање царуваат во Вашите срца.
Да се радуваме со нашите сакани, да останеме сплотени и истрајни во сите предизвици, да споделиме со блиските, да љубиме и да се почитуваме од срце.
Среќен Божиќ, Христос се роди!