Општина Дојран преку ЈПСЈДП „Тауријан“ почна да ги нуди и реализира турите за прошетка на гости и посетители кои престојуваат или имаат намера да го посетат ова туристичко место. Станува збор за три тури кои се нудат на организирани групи од минимум 10 члена за кои јавното претпријатие им овозможува туристички водич и опрема.

Првата тура е долж Дојранското Езеро и е наречена ,,езерска“. Таа ќе се практикува со електрични велосипеди и посетителите ќе се движат од амфитеатарот до Калдрма по патеката со неколку точки на застанување каде ќе бидат информирани за езерото, неговиот биодиверзитет, а од стари и искусни рибари ќе дознаат за традиционалниот начин на рибарање во Дојран.

Втората тура е пешачка и е именувана како „културнo – историска тура“. Се почнува од црквата „Св. Илија“ и туристите се шетаат по патеките од калдрма до манастирот „Марија Магдалена“ па од таму до Турската Бања што се реставрираше па до Саат Кулата која се подигна и се завршува на природно- историскиот музеј каде посетителите може да видат историски експонати, но и богата флора и фауна од езерото.

Третата тура е целодневна до Фронтовата линија од Првата Светска војна за која интерес има од посетители од Англија, Бугарија и Србија преку тур оператори. Оваа тура ни нуди можност за истражување на старите ровови и бункери, како и раскажување за воената тактика што била користена. Посетителите имаат можност да уживаат во прекрасните планински предели и поглед кон езерото од повисоките точки.

Подетални информации и резервации за турите може да се добијат во просториите на ЈПСЈДП „Тауријан“ Стар Дојран, на тел.бр. 070/442-032 и е-маил адреса taurijan.jp@gmail.com.

Previous Известување за вработување

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility