СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Во рамки на активностите за заштита од комарци и во спроведувањето на Програмата за дезинсекција, ги известуваме граѓаните на општините од Југоисточниот плански регион дека на 15, 18 и 19 август 2025 година ќе се изврши ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред:

📅 15 август 2025 (петок)

* Ларвицидна дезинсекција во претпладневните часови

* Општини: Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче и Радовиш

📅 18 август 2025 (понеделник)

* Теристична дезинсекција (од земја) во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот

* Општини: Дојран, Валандово, Струмица, Василево, Босилово, Ново Село

📅 19 август 2025 (вторник)

* Теристична дезинсекција (од земја) во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот

* Општини: Радовиш и Конче

Дезинсекцијата ќе се изврши со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во целосна согласност со пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди.

Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во првиот следен поволен термин.

‼ Апел до пчеларите: Се замолуваат сите сопственици на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.

Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Previous ЈАВЕН ПОВИК

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility