Ве информираме дека првото авио-третирање против комарци во општините Богданци, Валандово и Дојран е планирано да се изврши на 27.06.2019 година – четврток, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.
Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 28.06.2019.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.