Месец: м.г

Европска недела на спортот во Дојран

Вчера, 29.09.2019та година на плоштадот под јаворите во стар Дојран се одржа рекреативен настан во рамки на “Европската недела на спортот.” Храни се здраво и живеј здраво беше мотото на Европската недела на спортот која особено внимание посветува на здравата исхрана како предуслов за здрав и квалитетен живот! Учесниците кои беа дел од настанот се забавуваа, добија награди и беа сведоци на многу изненадувања.

Еко акција во Стар Дојран

Во сабота на 21.09.2019та година ќе се спроведе акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје во Стар Дојран. Сите заинтересирани граѓани, ученици, претставници од фирми, институции и граѓански организации кои сакаат да учествуваат во акцијата се поканети во 08.00 часот да дојдат на плоштадот под јаворите од каде и ќе почне акцијата.
Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните за здрава и чиста животна средина кај сите возрасни групи и преку сопствен пример да се покаже грижа за заштита на животната средина.

Реконструкција на подрачни училишта во Општина Дојран

Подрачните објекти на основното училиште “Кочо Рацин” во селата Фурка, Николиќ и Црничани беа реконструирани, хортикултурно уредени и во нивните дворови е поставена соодветна урбана опрема како и лулашки и реквизити наменети за учениците од училиштата.

Со инвестиција од вкупно 4 милиони денари се изврши целосна реконструкција на овие објекти, се преградија нови училници, обновена е фасадата, санитарните јазли, заменети се ѕидните и подните облоги и набавен е соодветен училишен инвентар.

Останатите подрачни училишта се во добра состојба, а во склоп на О.О.У “Кочо Рацин” во Нов Дојран продолжува изградбата на спортската сала која треба да биде готова и предадена во функција почетокот на идната календарска година.

Капитални инвестиции во Општина Дојран

Во општината Дојран во тек се градежни активности за изградба на спортска сала во склоп на О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата, која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка од општина Дојран.

Во исто време привршува реконструкцијата и уредувањето на подрачните училишта во селата Црничани и Фурка. Конечно, учениците од прво до четврто одделение во споменатите населени места ќе имаат соодветни и достојни услови за престој и образование, а наставниот кадар ќе може професионално и во современи услови да ја спроведува предвидената училишна програма.

Приоритет во работењето на општина Дојран и понатаму остнуваат најмладите членови во општеството.   Во блиска иднина следуваат уште проекти кои ќе го подобрат живеењето и функционирањето на младите жители од Дојран и останатите населени места.