Во општината Дојран во тек се градежни активности за изградба на спортска сала во склоп на О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата, која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка од општина Дојран.
Во исто време привршува реконструкцијата и уредувањето на подрачните училишта во селата Црничани и Фурка. Конечно, учениците од прво до четврто одделение во споменатите населени места ќе имаат соодветни и достојни услови за престој и образование, а наставниот кадар ќе може професионално и во современи услови да ја спроведува предвидената училишна програма.
Приоритет во работењето на општина Дојран и понатаму остнуваат најмладите членови во општеството. Во блиска иднина следуваат уште проекти кои ќе го подобрат живеењето и функционирањето на младите жители од Дојран и останатите населени места.