Во рамки на годишниот план за работа на Комисијата за еднакви можности предвидена е набавка на образовни помагала за деца со посебни потреби во О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран. Децата со пречки во развојот имаат исти основни физиолошки, социјални и емоционални потреби како и другите деца. Вклучувањето во редовните училишта ќе им овозможи рамноправен однос од страна на општеството. Идејата за рамноправност помеѓу женскиот и машкиот пол се учи од најрана возраст и токму затоа во секоја годишна програма, Координаторот за еднакви можности, Магда Ангова како приоритетна целна група за работа ги става токму децата од предучилишна и училишна возраст. Комисијата за еднакви можности изминатата година одреди финансиски средства за набавка на детски играчки во ЈОУГД “Кокиче” Нов Дојран и беа организирани обуки за родово ненаслиство и толеранција во училиштата. Грижата за најмладите продолжува и останува приоритетна област во работењето на општинската администрација.
#децатапредсе #родоваеднаквост #учимезародоватаеднаквост