Во тек е проектот преку ИПА програмата  кој опфаќа реставрација и реконструкција на ,,Турската бања”, или ,,Градскиот амам” ,,Саат кулата” и пристапни патеки до истите.
🔵Еден од најважните културно- историски споменици на општина Дојран е ,,Саат- кулата” во Стар Дојран.
🔵,,Саат- кулата претставува архитектонско достигнување од 19 век, што претставува економски и културен просперитет на градот во тој период. За време на Првата светска војна, Саат-кулата и камбанаријата биле срушени, а останале остатоци од кулата до подледниот венец.
🔵Во рамките на оваа активност се предвидени следните под-активности:
•Реконструкција на Саат- кулата (реконструкција на Саат- кулата до неговата оригинална висина, реконструкција на покривот, поставување скали, инсталација на часовникот и друго), работи за конзервација и реставрација на зидните плочи, хортикултурно уредување на подрачјето околу Саат- кулата.
🔵Со ова, ќе се врати оригиналниот изглед на Саат- кулата и ќр се заштити овој историски и културен споменик што има посебно значење во однос на туристичката понуда на градот.
  • Културно- историското наследство како сведок на постоењето низ годините и вековите ја има улогата на огледало во кое луѓето се само- идентификуваат, ги наоѓаат своите корени и ја делат својата колективна историја.
  • Еден од најзначајните споменици – сведок на обичаите и традициите на луѓето што живееле во овој регион со текот на времето е ,,Турската бања” или ,,Градскиот амам” во Стар Дојран. Таа е единствената локација од ваков вид во Дојран.
  • Датумот на потеклото на оваа зграда не е познат, но се знае дека е уништено за време на Првата светска војна, а од тој период постои во сегашна форма на урнатини.
  • Во рамките на оваа активност, планирано е да се извршат конзерваторски и реставраторски работи на сочуваните делови на локацијата, како и расчистување и уредување на областа околу локацијата со цел да се залува автентичноста на амамот.
  • Со спроведување на активности за зачувување и реставрација, ќе се врати оригиналниот изглед на ,,Турската бања” и ќе се заштити овој историски и културен споменик кој заслужува посебен третман во однос на туристичката понуда на градот.
  • За да се популализира делот на Стар Дојран, кој е богат со културно- историски споменици и да се олесни пристапот до нив, се предвидува подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот.
  • Во рамките на оваа активност, постојните патеки што ги поврзуваат Саат-кулата и Турската бања ќе бидат поплочени со обичен камен (калдрма) и истите ќе бидат направени на постојните патеки кои ја поврзуваат Саат кулата со локалните патишта.
  • Должината на патеките е 512 метри, градежните работи ќе ги следат одобрената техничка документација и стандардите на животната средина, бидејќи предвидува максимално залувување на постојаната вегетација.
  • За да се промовира Дојран како атрактивна дестинација и да се надополни имиџот на општината, ќе биде дизајниран и произведен сувенир во форма на автентична Саат кула во Стар Дојран, затоа што овој споменик е еден од најзначајните претставници на културно и историско наследство во овој регион.
  • Покрај тоа, ќе биде дизајниран леток за промоција на локалниот туризам кој ќе содржи информации за културното наследство на Дојран.
➡️Тендерската постапка е во последна фаза на завршување, во следниот период отпочнува реализација.
#ДаГиЗачувамеИсторискитеСпоменици!
Previous Благодарност до г-ѓа Соња Абаџиева

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility