ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Табеларните прегледи во кои се дадени податоци за градежните парцела, намена на градба, број на катастарска парцела опфатена со градежната парцела, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, бруто развиена површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата може да ги најдете и симнете како Word документ, во делот Documents, Local attachments.

 

 ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

Право на учество на јавното наддавање имаат:

  1. Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.
  2. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистaр на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата),  комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар).

 

  1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и која документација се доставува во прилог. Доколку лицето кое ја пополнува пријавата за аукција е во улога на полномошник задолжително е да прикачи полномошно заверено на нотар;
  2. Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларнитe прегледи дадени во оваа објава со рок на важност до 05.2021 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежно земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писмено известување за избор на најповолен понудувач. Банкарската гаранција освен по електронски пат, треба да биде доставена и во оригинална хартиена форма преку архивата на Општина Дојран до Комисијата за јавно наддавање, во затворен коверт со цел на дознака не отварај се до рокот определен за поднесување на пријавата;
  3. За физичките лица уверение за државјанство, не постаро од шест месеци;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (тековна состојба не постара од 7 (седум) дена од денот на пријавувањето);
  5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното/физичкото лице заверено на Нотар, односно доказ за својство овластено лице на правното лице;
  6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Дојран нема обврска да прима и врши корекции на истата);

 

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираност на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во дел од Табеларниот преглед  бр.1,  за намена  Викенд  куќа  изнесува 61,00 денари од метар квадратен.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во дел од Табеларниот преглед  бр.1   за намена комерцијални објекти (трговија,угостителство,услужни дејности) изнесува 1.600,00 денари  од метар квадратен.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед  бр.2  изнесува 61,00 денар од метар квадратен.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед  бр.3  изнесува 61,00 денар од метар квадратен.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед  бр.4  изнесува 523,00 денари од метар квадратен.

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед  бр.5  изнесува 1.600,00 денари од метар квадратен.

 

 

 

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

 

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларните прегледи бр.1, бр.2, бр.3, бр.4 и бр.5  дадени во оваа објава.

 

 

РОКОВИ

 

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за дел од  градежните парцели од Табеларен преглед  бр.1 со намена- Виќенд куќа,кој се наведени подолу и градежната парцела од  Табеларен преглед  бр.2, со намена- Виќенд куќа,која е наведена подолу, можат да се достават до 24.11.2020 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.         

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на 26.11.2020 година, во

– 08:30 часот за градежна парцела Г.П. бр.9 модул 2    ( табеларен преглед бр.1)

– 08:45 часот за градежна парцела Г.П. бр.11 модул 2   (табеларен преглед бр.1)

– 09:00 часот за градежна парцела Г.П. бр.12 модул 2  (табеларен преглед бр.1)

– 09:15 часот за градежна парцела Г.П. бр.13 модул 2    (табеларен преглед бр.1)

– 09:30 часот за градежна парцела Г.П. бр.14 модул 2   (табеларен преглед бр.1)

– 09:45 часот за градежна парцела Г.П. бр.16 модул 2    (табеларен преглед бр.1)

– 10:00 часот за градежна парцела Г.П. бр. 17 модул 2   (табеларен преглед бр.1)

– 10:15 часот за градежна парцела Г.П. бр. 19 модул 2    (табеларен преглед бр.1)

– 10:30 часот за градежна парцела Г.П. бр.21 модул 2    (табеларен преглед бр.1)

– 10:45 часот за градежна парцела Г.П. бр.11 модул 1     (табеларен преглед бр.1)

– 11:00 часот за градежна парцела Г.П. бр. 28 модул 1   (табеларен преглед бр.1)

– 11:15 часот за градежна парцела Г.П. бр. 35 модул 1    (табеларен преглед бр.1)

– 11:30 часот за градежна парцела Г.П. бр. 37 модул 1   (табеларен преглед бр.1)

– 11:45 часот за градежна парцела Г.П. бр.1 модул 3    ( табеларен преглед бр.2)

и истото ќе трае по 15 минути за секоја од наведените парцели

 

 

 

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за дел од градежните парцели од Табеларен преглед  бр.1 со намена – Комерцијални објекти (трговија, угостителство, услужни дејности) кој се наведени подолу, градежната парцела од Табеларен преглед  бр.3 со намена – Г2,Г3,Г4(лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта)наведена подолу, градежните парцели од Табеларен преглед  бр.4 со намена – A4 Времено сместување наведени подолу  и  градежната парцела од Табеларен преглед  бр.5 со намена – Б1 Мали комерцијални и деловни намени наведена подолу, можат да се достават до 07.12.2020 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.         

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на 09.12.2020 година, во

– 08:30 часот за градежна парцела Г.П. бр.38 модул 1     ( табеларен преглед бр.1)

– 08:45 часот за градежна парцела Г.П. бр.39  модул 1     (табеларен преглед бр.1)

– 09:00 часот за градежна парцела Г.П. бр.40 модул 1     (табеларен преглед бр.1)

– 09:15 часот за градежна парцела Г.П. бр. 41 модул 1      (табеларен преглед бр.1)

– 09:30 часот за градежна парцела Г.П. бр.3                           ( табеларен преглед бр.3)

– 09:45 часот за градежна парцела  Г.П. бр.1.1                      ( табеларен преглед бр.4)

– 10:00 часот за градежна парцела   Г.П. бр.1.2                     ( табеларен преглед бр.4)

– 10:15 часот за градежна парцела  Г.П. бр.1.3                     ( табеларен преглед бр.4)

– 10:30 часот за градежна парцела   Г.П. бр.1.4                     ( табеларен преглед бр.4)

– 10:45 часот за градежна парцела  Г.П. бр.1.5                      ( табеларен преглед бр.4)

– 11:00 часот за градежна парцела  Г.П. бр.1.6                      ( табеларен преглед бр.4)

– 11:15 часот за градежна парцела  Г.П. бр.9.3                       ( табеларен преглед бр.5)

и истото ќе трае по 15 минути за секоја од наведените парцели.

 

ПОСТАПКА

 

1.Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на електронското јавното наддавање.

2.На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.

3.Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

4.Електронското јавното наддавање го следи  Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Дојран со Решение бр. 09-1170  од 16.12.2019 година.

5.Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6.Наддавањето за градежните парцели со намена Викенд куќa во делот од Табеларен преглед бр.1, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од  10,00 денари, односно за градежните парцели со намена Комерцијални објекти (трговија, угостителство, услужни дејности), во  делот од табеларен преглед бр.1, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од  160,00 денари.

Наддавањето за градежната  парцела со намена Викенд куќа од Табеларен преглед бр.2, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од  10,00 денари.

Наддавањето за градежната парцела со намена Г2,Г3,Г4 (лесна и незагадувачка индустрија,сервиси и стоваришта), од Табеларен преглед бр.3, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од  10,00 денари.

Наддавањето за градежните парцели со намена А4-Времено сместување од Табеларен преглед бр.4, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од  53,00 денари.

Наддавањето за градежната парцела  со намена Б1-Мали комерцијални и деловни намени од Табеларен преглед бр.5, се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од  160,00 денари.

7.Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определено време за траење на јавното наддавање, од  страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за периодот од следните две минути нема ново дадена понуда.  Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

9.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

  1. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Р. Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р. Северна Македонија.
  2. Државното правобранителство на Р. Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р. Северна Македонија во рок од 30 дена од добивање на барање за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Р. Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
  3. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Р. Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.

13.Најповолниот понудувач во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на известувањето за избор на најповолен понудувач е должен да ги уплати средствата и до Комисијата да достави доказ за извршената уплата. Најповолниот понудувач е должен заедно со купопродажната цена да уплати и посебни трошоци во постапката во висина од 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од 15.000,00 денари.

  1. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено ,банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавaње за предметната градежна парцела.
  2. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од јавното наддавање во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, уплатените средства за отуѓување на градежно земјиште не му се враќаат, банкарската гаранција за серизоност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор.
  3. Во рок од (5)пет работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупна документација потребна за учество на јавното наддавање, Градоначалникот на Општина Дојран во име на Р. Северна Македонија склучува договор за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р. Северна Македонија.
  4. По склучување на договорот Општина Дојран во рок од еден ден, електронски го доставува договорот до Одделението за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данок на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.
  5. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 30 дена договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставување на договорот кај надлежен нотар.
  6. Неисполнување на обврските од точките 17 и 18 од оваа објава по вина на купувачот претставува основ за еднострано раскинување на договорот при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот.
  7. Со договорот купувачот се обврзува да прибави одобрение за градење на предвидениот објект од надлежниот орган во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договор е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кој истото е отуѓено. Купувачот е должен да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење, а согласно со категоризацијата на градба , во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште. Неисполнување на обврските од членот 75, став (1) точка 7 од Законот за градежно земјиште , односно по паѓање на купувачот во задоцнување со исполнување на обврската три месеци последователно , претставува основ отуѓувачот, по три последователни месечни повици за извршување, како доверител со изјава за неисполнување на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот , односно да побара наплата на договорената казна што претставува и основ за еднострано раскинување на договорот , при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето  не му се враќаат на купувачот.
  8. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30%.
  9. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште;
  10. 23. Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности.
  11. 24. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
  12. 25. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
  13. 26. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање..По приговорот, Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.
  14. 27. Против решението донесено од страна на Комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  15. 28. Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела ќе важи до 05.2021 година за најповолните понудувачи, а за сите останати по завршување на јавното наддавање.
  16.   Купувачот има обврска за плаќање на данок на промет  и нотарски трошоци во случај на раскинување на договор по вина на купувачот;
  17.   Раскинувањето на договорот заради неисполнување на обврските предвидени во истиот од страна на купувачот се врши со еднострана изјава на волја на отуѓувачот изјавена од страна на Општината преку Државниот Правобранител на Република Северна Македонија.
  18. Градежното земјиште кое е сопственост на Р.Северна Македонија, кое е предмет на објавата се до исполнување на обврските од Договорот не може да биде дел од стечајна маса.

 

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Дојран, www.dojran.gov.mk

Лице   за   контакт  :  Мито  Велчев      тел. 070 / 328 – 125

 

 

                                                                                                                 Комисија за спроведување на постапки за јавно наддавање

                                                                                                            на градежно земјиште сопственост на Република С. Македонија

 

Претседател: Мито Велчев

Член: Милка Ајцева

Член: Дарко Качаков

 

 

Previous Амбасадорот на Кралството Холандија во посета на Општина Дојран

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility