Набавка на сувоземно – пловен багер за чистење на Дојранското Езеро

Согласно Планот за управување и Годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро – набавивме сувоземно-пловен багер – „Амфибија“ за собирање на пластичен и зелен отпад (бујна вегетација) во Зоната на одржливо користење на Дојранско Езеро.

Набавката на возилото финансиски е овозможена од Европската Унија во рамки на Проектот Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро.
Општина Дојран работи и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на квалитетот на водите на Дојранското Езеро, овозможувајќи им на граѓаните да го остварат своето загарантирано право на здрава животна средина.