Ден: д.м.г

Мандра фестивал 22ри и 23ти Јули

На третата фестивалска вечер во петок на 22 јули на МАНДРА ФЕСТИВАЛ ќе настапат Владо Јаневски, THCF La familia и ИВОНА ЈО.
Билетите во предпродажба по екслузивни цени преку www.kupikarta.com, Југотон, цвеќара Розе Веро 2 и сендвичара Џина Дојран.
Дојдете во Дојран и уживајте со прекрасните изведувачи на Мандра фестивалот!

Известување за второ прскање против комарци

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека во период од  25 и 26 Јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:
  • На 25.07.2022 (Понеделник), во општините Струмица и Гевгелија
  • На 26.07.2022 (Вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

    Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри. 

    Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.