
Во акцијата се вклучија вработените во општина Дојран, учениците и наставниците од ООУ „Кочо Рацин“-Нов Дојран, Здружение на жени „Дојрана“, Здружение на пензионери Дојран, ЈПКД „Комуналец-Полин“ и добронамерни граѓани и посетители на Дојран. Особена чест ни претставува што на акцијата се приклучи и пратеничката Драгица Ѓавочанова.