Ден: д.м.г

Дојран – генералка викенд

Пролетна акција за чистење на Општина Дојран се случи изминатата сабота на 13ти мај. Вработени во општина Дојран, деца од О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран, деца од ЈОУДГ “Кокиче”, пензионери, посетители и доброволци се вклучија во акцијата наречена – генералка викенд.

Ваквите акции придонесуваат за зближување на луѓето, поттикнуваат меѓусебни разговори, разменување на идеи и секако – се постигнува главната цел, почиста и поубава животна средина.

Општина Дојран ги поддржува сите акции од овој вид и во иднина со задоволство и самостојно ќе организира акции за чистење и разубавување на животната средина.