Општина Дојран оваа година е една од петте општини кои се избрани да бидат дел од програмата на Фондацијата за лидерство, образовни можности, личен развој и иновации (Фондација Л.О.Л.И.) за млади лица на возраст од 18 до 25 години, која е финансирана од Американската амбасада во РСМ.
Целта на проектот е да ги поттикне младите кои не се вклучени во образовен процес или обука и/или не се вработени да се вклучат во иницијативи за идентификување на проблеми и да станат лидери за позитивни промени преку идеи за конкурентност и позитивно локално влијание.
За учество во оваа програма, сите трошоци се покриени, а за успешно завршување на програмата учесниците ќе добијат сертификати.
Заинтересираните лица може да аплицираат преку овој линк:
За подетални информации сите заинтересирани може да се обратат во просториите на општина Дојран или преку e-mail адреса: dojran@t.mk