Author: Angova

Формулар за доставување коментари и сугестии за проектот „ ДОЈРАН – ТУРИСТИЧКИ БИСЕР НА ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА“

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА  ДОЈРАН

Формулар за доставување коментари и сугестии за проектот

 „ ДОЈРАН – ТУРИСТИЧКИ БИСЕР НА ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА“

 

Општина Дојран во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“ поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светската Банка и спроведуван од Кабинетот за Заменик Претседателот на Владата задолжен за Економски Прашања, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“, изготви и поднесе проект „ДОЈРАН – ТУРИСТИЧКИ БИСЕР НА ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА“ за добивање грант за финансирање на проектот. Главната цел на проектот е дополнително зајакнување на развојот на туризамот во општина Дојран преку следните планирани активности содржани во проектот: партерно и хортикултурно уредување на Зелена рекреативна зона – Градски парк Дојран,санација на оштетени делови на Отворена летна сцена, асфалтирање на улица до Отворена летна сцена и партернo и хортикултурно уредување на Отворена летна сцена.

Како дел од проектот, Општина Дојран подготви  План за управување со животната средина и социјални аспекти за проектот „ДОЈРАН – ТУРИСТИЧКИ БИСЕР НА ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА“ со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализацијата на предвидените проектни активности.

 

Соопштение за одржување на јавна консултација на план за управување со животна средина

 

Соопштение за одржување на јавна консултација на план за управување со животна средина за   “Потпроектот Дојран – туристички бисер на Југоисточна Македонија

Октомври  14, 2019год.

Ве информираме дека на 28.10.2019 (понеделник) ќе се организира ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА  на План за управување со животна средина во рамки на проектните активности на “Потпроектот Дојран – туристички бисер на Југоисточна Македонија“,преку единицата за спроведување : Проект за локална и регионална конкурентност – LRCP,каде што се вклучени  повеќе активности, дадени во продолжение:

  • Партерно и хортикултурно уредување на Зелена рекреативна зона – Градски парк Дојран
  • Санација на оштетени делови на Отворена летна сцена
  • Асфалтирање на улица до Отворена летна сцена
  • Партерно и хортикултурно уредување на Отворена летна сцена

 

Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, , потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население.

Планот за управување со животната  средина за “Потпроектот Дојран-туристички бисер на Југисточна Македонија“ е достапен на увид во просториите на општина Дојран како и на официјалната веб страница www.opstinadojran.gov.mk.

Јавната консултација  ќе се одржи во: Општинa Дојран на 28.10.2019 година (понеделник) со почеток во 13 часот во салата за состаноци  на општина Дојран.

Лице за контакт:

Општина Дојран

Мито Велчев

Тел.034 – 225 -278

Е-mail:dojran@t.mk

 

Сите формулари на македонски, англиски и албански јазик, како и планот за управување со животната средина
“Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“ на македонски, англиски и албански јазик може да ги најдете на следниот линк:

https://dojran.gov.mk/documents/

Европска недела на спортот во Дојран

Вчера, 29.09.2019та година на плоштадот под јаворите во стар Дојран се одржа рекреативен настан во рамки на “Европската недела на спортот.” Храни се здраво и живеј здраво беше мотото на Европската недела на спортот која особено внимание посветува на здравата исхрана како предуслов за здрав и квалитетен живот! Учесниците кои беа дел од настанот се забавуваа, добија награди и беа сведоци на многу изненадувања.

Еко акција во Стар Дојран

Во сабота на 21.09.2019та година ќе се спроведе акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје во Стар Дојран. Сите заинтересирани граѓани, ученици, претставници од фирми, институции и граѓански организации кои сакаат да учествуваат во акцијата се поканети во 08.00 часот да дојдат на плоштадот под јаворите од каде и ќе почне акцијата.
Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните за здрава и чиста животна средина кај сите возрасни групи и преку сопствен пример да се покаже грижа за заштита на животната средина.

Реконструкција на подрачни училишта во Општина Дојран

Подрачните објекти на основното училиште “Кочо Рацин” во селата Фурка, Николиќ и Црничани беа реконструирани, хортикултурно уредени и во нивните дворови е поставена соодветна урбана опрема како и лулашки и реквизити наменети за учениците од училиштата.

Со инвестиција од вкупно 4 милиони денари се изврши целосна реконструкција на овие објекти, се преградија нови училници, обновена е фасадата, санитарните јазли, заменети се ѕидните и подните облоги и набавен е соодветен училишен инвентар.

Останатите подрачни училишта се во добра состојба, а во склоп на О.О.У “Кочо Рацин” во Нов Дојран продолжува изградбата на спортската сала која треба да биде готова и предадена во функција почетокот на идната календарска година.

Капитални инвестиции во Општина Дојран

Во општината Дојран во тек се градежни активности за изградба на спортска сала во склоп на О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран. Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата, која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка од општина Дојран.

Во исто време привршува реконструкцијата и уредувањето на подрачните училишта во селата Црничани и Фурка. Конечно, учениците од прво до четврто одделение во споменатите населени места ќе имаат соодветни и достојни услови за престој и образование, а наставниот кадар ќе може професионално и во современи услови да ја спроведува предвидената училишна програма.

Приоритет во работењето на општина Дојран и понатаму остнуваат најмладите членови во општеството.   Во блиска иднина следуваат уште проекти кои ќе го подобрат живеењето и функционирањето на младите жители од Дојран и останатите населени места.

 

Јавен повик

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Д Фестивал!

Бидете дел од најдобриот фестивал во регионот! Бидете дел од Д Фестивал!

Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје – Д Фестивал веќе ја потврди и оправда иницијативата на најдобар начин. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија.

Д Фестивал продолжува како традиција, но секоја година со уште поголеми очекувања, со сигурност зацврстувајќи се како симбол за незаборавно концертно доживување и традиционална дестинација за сите фанови на автентичниот дух на летните музички фестивали. Секоја година Д Фестивал е дестинацијата за забава на повеќе од 8.000 посетители кои ги уживаат впечатливите концертни перформанси на музички артисти како Manu Chao La Ventura, Stereo MC’s, Wilkinson, Sonique, Кирил Џајковски, Дубиоза Колектив, Bernays Propaganda, Љубојна, Фолтин, String Forces, Суперхикс, АРЕА, С.А.Р.С., Baildsa, Зијан и многу многу други.

Со нетрпение се очекува секое следно издание, а самиот датум на фестивалот (втората половина на јули) е сезона која секоја година е сѐ повеќе посетена од интернационални и домашни туристи и сѐ поголем број на луѓе кои веруваат во потенцијалот на Дојран. Со ширењето на добриот глас за сѐ повозбудливите фестивалски изданија, сѐ повеќе луѓе одлучуваат својот годишен летен одмор и најдобриот летен фестивалски настан да го поминат токму во Дојран. Резултатите и реакциите од минатите изданија на фестивалот, донесоа логичен прогрес да се прошири фестивалскиот обем во поглед на понудата и капацитетот.

Повеќе информации за фестивалот може да најдете на следниот линк:

Д Фестивал