Новости

Известување

Почитувани,

на ден 26.04.2019та година околу 11.30 минути во полициската станица во Нов Дојран е пријавена кражба на четири бисти од познати македонски дејци поставени во Градскиот парк во Стар Дојран веднаш до општинската зграда. Увид на лице место е извршено од службени лица од полициската станица Нов Дојран и Гевгелија, составен е записник од нивна страна и направени се фоографии од местото на кражбата.

Истрагата за кражбата е во тек, во соработка со МВР се надеваме дека сторителите многу брзо ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани. Спомен – бистите на Теодосиј Синаитски, Антон Панов, Христофор Жефаровиќ и Ѓорги Абаџиев  се значајни за Општина Дојран и за граѓаните од општината. Очекуваме истите набрзо повторно да се најдат во Градскиот парк во Стар Дојран каде што и припаѓаат.

Креативна работилница за фотографија

Општина Дојран беше домаќин на Креативна работилница за фотографија на која учествуваа деца од малите групни домови кои се дел од процесот на деинституционализација. Децата имаа можност низ дружба и со фотографирање на убавините на градот и на Дојранското езеро да ги учат техниките за фотографирање.

Автор на фотографијата е Р.С

Чистење на Дојран

Акција за чистење и разубавување на Дојран со помош на Ирена Ристиќ и #НебидиЃубре
Благодарност до сите учесници, се надевам дека во иднина ваквите акции ќе прераснат во навика, но и задоволство.
Дојран заслужува да биде чист.

Дојран добитник на најголемиот грант од 1,5 милиони евра

Општина Дојран го доби проектот со наслов “Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“. Проектот беше аплициран преку програмата ПЛРК, финансиран од ЕУ и Владата на Р.М, а администриран по правилата на Светска Банка.

Проектот содржи:
– Партерно и хортикултурно уредување на сите паркови и зеленила од Вила на Влада на Р.М до летната сцена, односно училиштето во Стар Дојран;
– Реконструкција на летна сцена и уредување околу истата;
– Пристапен пат до летната сцена;
– Пристапен пат до фронтовата линија од Првата Светска Војна и конечно ставање во функција на Фронтовата линија;
– Дојран SAVE City, систем за утврдување на точен број на влез и излез на возила;
– Изработка на видео спотови и промотивни материјали за промоција на Дојран;
– Маркетинг кампања за Дојран која ќе се спроведува во соседните држави за поголема промоција и поголем број на странски туристи.

Потпишан договор за соработка со Општина Свиштов

Градоначалникот на Општина Дојран заедно со неговиот колега од Општина Свиштов, Република Бугарија денес потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот има за цел продлабочување на соработката помеѓу двете општини, зголемена промоција на Општина Дојран на бугарскиот пазар и подобри туристички понуди за граѓаните од двата града. Градоначалникот на Свиштов, Генчо Генчев изрази големо задоволство што е гостин во Општина Дојран и го покани градоначалникот Ангов да ја возврати посетата во Свиштов, Република Бугарија.

Работна средба со Амбасадорот на Р. Франција во Р. Македонија, г-дин Кристијан Тимоние.

Градоначалникот Ангов денес оствари работна средба со Амбасадорот на Р. Франција во Р. Македонија, г-дин Кристијан Тимоние.

Амбасадорот покажа особен интерес за историјата на Дојран, фронтовата линија од Првата Светска Војна и изрази желба за соработка во областа на историскиот туризам.
Градоначалникот и Амбасадорот разменија мислења и идеи за развој на културата во Општина Дојран, уметноста, алтернативниот туризам, а секако беше разговарано и за можноста нашата општина да користи средства од ЕУ фондовите и останати фондови кои нудат грантови и средства за развој на општините. 


Амбасадорот изјави дека е воодушевен од природниот потенцијал на општината и најави дека ќе присуствува на прославата на 5ти Ноември, денот на ослободувањето на Дојран. Исто така, тој изјави дека следната посета ќе ја искористи за да го посети основното училиште “Кочо Рацин” во Нов Дојран за да види како се одвиваат часовите по француски јазик
Соработката на Општина Дојран со Амбасадата на Р. Франција ќе се интензивира во наредниот период на заедничко задоволство на двајцата соговорници, а во интерес на граѓаните на Дојран.