Нова велосипедска патека во Дојран за љубителите на off road велосипедизмот



Локалниот акционен план за родова еднаквост кој беше презентиран и усвоен од страна на Советот на Општина Дојран на 24тата седница одржана на 30.01.2023та година предвидува нов циклус на обуки за спречување на врсничкото и родово базираното насилство, серија на работилници за млади – справување со стрес, анксиозност, препознавање на сопствените емоции, насочување при избор на одбирање соодветно средно образование според можностите и капацитетот на детето, Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата, односно учество на млади, деца на училишна возраст во случувања кои се организираат во поголемите градски средини, како и бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи кај деца од предучилишна и училишна возраст.
На воведната сесија во подрачното училиште во село Црничани, децата беа запознаени со планот за родова еднаквост, односно активностите кои може да ги очекуваат од страна на стручен тим во наредниот период.
Интересот на децата за учество во работилниците и обуките е евидентен, а заинтересираност покажува и самиот наставен кадар во училиштата.
Изминатата календарска година се одржаа десетици работилници за ставање крај на булингот, однсоно врсничкото насилство, како и обуки за спречување на малолетнички бракови.
Евалуацијата од страна на стручниот тим од Центарот за социјални работи – Гевгелија, како и од страна на наставниот кадар во О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран е дека работилниците, односно обуките имало влијание врз децата и истите се полезни за нив.
Охрабрени од минатогодишното искуство, годинава за доброто на децата повторно се организираат обуки и работилници кои ќе бидат во нивна корист.
Годишниот план за родова еднаквост е прикачен на оваа ВЕБ страница и истиот детално може да го прочитате.
Општина Дојран активно се приклучува кон акциите за донации за настраданите во катастрофалниот земјотрес кои ги погоди Р. Турција и Р. Сирија.
Од 14.02.2023та година до 17.02.2023та година (вторник до петок) сите граѓани кои сакаат да донираат ќебиња, топла зимска облека, средства за хигиена, конзервирана храна и слично, донациите може да ги донесат во просториите на Општина Дојран во периодот од 10.00 до 15.00 часот.
Да бидеме хумани и да помогнеме на семејствата на настраданите лица, како и на многубројните граѓани кои останаа без своите домови во разорниот земјотрес од 06.02.2023та година.
Собраните донации во Општина Дојран ќе се испратат до Црвениот Крст на Р. Северна Македонија. Понатаму, преку транспортни компании, сите, по сотритрање, ќе бидат доставени до најпогодените семејства во Турција и Сирија.
Драги мои сограѓани,
Кога се честита од срце, без исклучок, секогаш се пишуваат најубавите зборови.
Нека овие големи православни празници во вашиот дом донесат мир и благосостојба. Божиќ е најсветиот и најрадосниот христијански празник, празник на семејството и мирот, празник на Христовото раѓање, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза.
Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домовите и семејствата, а доброто здравје, духовниот мир и меѓусебното разбирање царуваат во Вашите срца.
Да се радуваме со нашите сакани, да останеме сплотени и истрајни во сите предизвици, да споделиме со блиските, да љубиме и да се почитуваме од срце.
Среќен Божиќ, Христос се роди!