Барање за изразување интерес

Општина Дојран доби средства од Проектот за локална и регионална конкурентност (финансиран од Инструментот за претпристапна на Европската унија – ИПА 2), за потпроектот „Дојран – туристички бисер на југоисточна Македонија“ и има намера да искористи дел од средствата за консултантски услуги за спроведување на јавна кампања и промотивни производи / услуги за промоција на Дојран како туристичко атрактивно место.

Општина Дојран ги поканува подобните субјекти („Консултанти“) да го пријават својот интерес за обезбедување на услугата. Заинтересираните консултанти треба да обезбедат информации што ќе покажат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантно искуство за извршување на Услугите.

Документите кои се прикачени подолу содржат детални информации на македонски и англиски јазик и истите може да ги симнете.

 

Attachments