„Се тече се се менува”. Така и во Дојран времето оставило многу траги од минатото. Постојано бил граден, разрушуван, пален па повторно обновуван. Поробуван во повеќе наврати и од разни поробувачи. Сето тоа придонело во Дојран да се изградат градби (Цркви, чешми, бањи, саат – кули, училишта и др.) од различни култури и народи. За таквата богата историја на градот Дојран денес ни зборуваат остатоците од повеќе културно-историски споменици кој можат да се видат во Дојран.

Манастирски комплекс на Св. Партениј Зографски

Манастирскиот комплекс на Св. Партениј Зографски во Стар Дојран, востановен е во 2001г. во близина на некогашната(денес непостоечка) епископска резиденција на Партениј Зографски. Посетителите можат да го посетат манастирот на Св. Марија Магдалена во чијшто склоп е новоизградената црква посветена на руските новомаченици – царското семејство Романови каде една генерација пред тоа учител на царското семејство бил Партениј Зографски, додека конаците и малата црквичка посветена на Св. Максим Исповедник и на Св. Григориј Палама спаѓаат во монашкиот затворен простор.

Музеј

Езерски музеј на Дојран, сместен во просториите на локалната самоуправа, со колекција од растителниот и животинскиот свет од Дојранското Езеро. Претставен е карактеристичниот начин на лов на риби, а направена е и карактеристична рибарска колиба.

Овој музеј е оформен со покровителство на Советот на Општина Дојран, а со финансиска подршка од амбасадата на кралството Норвешка. Музејот е отворен на денот на ослободувањето и денот на општината Дојран на 5-ти Ноември 2000 година во присуство на голем број грагани од општината Дојран, соседните општини и гости од општините Кукуш и Дојрани – Република Грција. Музејот го отвори г-цата Вибеке, амбасадор на Крлаството Норвешка во Република Македонија и тогашниот Градоначалник на Општина Дојран г-дин Никола Ајцев.

Св. Илија

На самиот влез во Стар Дојран се издига каменото ридче, на чив врв гордо и исправено стојат урнатините на црквата Св. Илија. Уште од далеку со својата раскошна градба го тера патникот да размислува за неа, па и за градот Дојран. Изградена во 1848 година. Со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од село Папрадиште – Велешко.

Таа требала да им служи на сите дојрански христијани, но место тоа, станала јаболко на раздорот. По самата изградба, турскиот Султан со указ ја дава на користење на грчките попови, односно на грчката патријаршија. Бидејки дојранските верници не го разбирале грчкиот јазик побарале од Султанот да им ја даде на управа ним, односно богослужбата да се врши на бугарски јазик. Султанот гледајки ја желбата на 2/3 од христијанските семејства во Дојран, со посебен указ црквата ја дава на Егзархијата.

Губејки ја црквата, грчката патријаршија за потребите на своите верници, западно од таа црква, преку рекичката, изградиле нова црква во 1911 година која меѓу народот ке остане запаметена како “Грчка црква”. Духовната поделеност на дојранчани ке живее се до рушењето на градот за време на Првата Светска Војна поточно до 1916 година.

Со горењето на црквата “Св. Илија” изгорел голем дел покуќнина и богатство на дојранчани. Црквата Св. Илија со својата должина од 30 метри, широчина од 20 метри и висина од 10 метри претставува вистинска архитектонска убавица на овие простори во Македонија. Со своите 600 м2 внатрешен простор и на два спрата можела да собере околу 600 верници. Градителите ја удостоиле со “акустични” стомни кои се гледаат во самите ѕидови од црквата, симетрично подредени како по висина така и по должина.

Градска Саат – Кула

Точната година кога е изградена не се знае. По народните кажувања таа е изградена во 14 век и тоа во првите години по освојувањето на градот од страна на Турците во 1372 година.

Се претпоставува дека освојувачите предводени од полковникот Евренос – бег, имаат поминато преку замрзнатото езеро кое било покриено со снег без да знаат дека е езеро. Впрочем таква легенда живее помеѓу дојранчани. Кога аскерите влегле во градот, населението останало изненадено од тоа како не се издавиле, а и пашата по веста дека војската минала преку заледеното езеро бил зачуден. Во чест на спасувањето на војската од сигурна смрт и освојувањето на Дојран, Евренос – бег ја изградил Саат-кулата. Така била наречена бидејки на неа бил поставен саат од народот. Таа била висока околу 10 метри и со својата височина доминирала во околината. На врвот од кулата саатот бил доста голем и отчукувал од 1 до 12 пати, односно толку колку што е времето. Часовникот сите граѓани ги известувал за времето, трговците и занаетчиите за отварање и затварање на дуќаните, рибарите за одење на мандрите, а посебно им служел на Турците за соопштување на времето за молитва.

Градска Бања – Амам

На 100 метри југозападно од денешниот хотел “Јака” се наоѓаат рушевините на единствената бања во градот Дојран, позната како “Амам” – турски збор што значи бања.

За оваа бања не се знае кога е изградена но се зборува дека секој ден работела и тоа се до 1916 година кога е и разрушена. Но се знае дека се состоела од повеке простории од кои едни биле за жени, а други за мажи и се знае дека во секоја просторија имало и чешми. Водата до бањата била носена преку ќерамидни цевки од месноста Дере-Баш, 2 km западно од Дојран. Водата се загревала со дрва ( ќумур) во казан и тоа во посебна просторија каде од таму течела во чешмите од кои се миеле граѓаните.Во бањата оделе граѓани од сите националности, а тоа што е најинтересно е тоа дека за идните невести имало посебна церемонија и оделе на посебно моминско бањање.

Споменикот Дојрана

Споменикот Дојрана е подигнат на кејот на Дојранското Езеро и на него е претставена убавата мома Дојрана, според која градот го добил своето име.

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility