Кеј 5-ти Ноември бб 1487 Стар Дојран • +389 34 225 278
Република Северна Македонија

Општина Дојран

Новости

Национална младинска летна школа за социјална инклузија

Национална младинска летна школа за социјална инклузија

🤝Деновиве Дојран е домаќин на Националната младинска летна школа за социјална инклузија, која се одржува во нашиот прекрасен град.
Школата се реализира со учество на околу 60 млади од целата држава, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ и Регионалната канцеларија за младинска соработка – РИКО.
Во рамки на престојот во Дојран, градоначалникот на Општина Дојран Илија Тентов оствари средба со учесниците на школата, при што им посака пријатен престој и успешно реализирање на предвидените активности.
Ваквите иницијативи се од особено значење за младите, бидејќи создаваат можности за стекнување нови знаења и вештини, размена на искуства и градење нови пријателства.
Дојран со задоволство ги пречекува младите од целата држава и останува отворен за поддршка на настани кои ги поврзуваат младите, создаваат нови можности и носат позитивна енергија во заедницата.
Добредојдовте во Дојран! ❤️
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email