Од 25 до 28 декември, општина Дојран беше обвиена во празнична магија.
Новогодишниот базар ги собра децата од општината, жителите и посетителите во атмосфера исполнета со светлина, музика, насмевки и радост. Шарени штандови, маскоти, рачно изработени украси и топли напитоци го претворија просторот под јаворите во вистинска зимска идила.
Овие денови беа повеќе од настан – беа момент на споделување, радост и создавање спомени. Со детска смеа, празнични ноти и искрена празнична енергија, Дојран уште еднаш покажа дека празниците најубаво се чувствуваат кога се доживуваат заедно.
Благодарност до сите учесници кои помогнаа и направија Дојран да живее во неверојатна зимска празнична магија.
Фотографиите што следат се сведоштво за зимската убавина што ја живеевме.







