Врз основа на член 3 од Одлуката за распишување на јавен повик за пријавување на заинтересирано лице за организирање на ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”, (”Службен гласник на Општина Дојран” бр.6/26), Градоначалникот на Општина Дојран објавува,
Ј А В Е Н П О В И К бр.1/26
за склучување на Меморандум за организирање на манифестацијата “Дојрански ракувања”, со назив ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”
1.Општина Дојран има потреба од ангажирање на правно лице (здружение на граѓани) кој ќе организира културни и забавни манифестации во летната туристичка сезона во периодот од 01.07. 2026 година до 31.08.2026 година на подрачјето на општина Дојран.
Настаните ќе се одржуваат на три локации во населбата Стар Дојран:
-летна сцена ,,под јаворите”, во централниот дел на населбата,
– амфитеатар, летна сцена на локација,,Златен брег”,
– Голем паркинг ,,Гранит,, населба “КАРАЧ” Стар Дојран,
Општина Дојран нема финансиски да ги подржува манифестациите, а ќе има обврска да му овозможи користење на јавните површини во наведените локации, без надоместок и ќе овозможи инфраструктурни приклучоци на организаторот за одржување на настанот.
2.Сите заинтересирани кон пријавата треба да ги приложат и следните докази:
-Програма за настани и термини на одржување на горенаведените локации,
-Тековна состојба од правнот лице, не постара од 6 месеци,
-Доказ за организирање на наастани и манифестации од областа на културно забавен карактер во последните две години (договор,меморандум).
3.Рокот за поднесување на пријави е 5 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик на web страната на Општина Dojran.
Пријавата може да се подигнат во писарницата на Општина Dojran или да се превземат во електронска форма на web страната на Општина Dojran.
Пријавите да се доставуваат лично во писарницата на општината, во ”затворено плико А4 формат”, со назнака ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”, на следната адреса: Општина Дојран – Стар Дојран, ул. ”Kej 5ти Ноември” бр.1.
Градоначалник на општина Дојран
Илија Тентов