Денес во ООУ „Кочо Рацин“ децата од централното и сите подрачни училишта во општина Дојран го одбележавме 1-ви Април меѓународниот Ден на шегата . Настанот беше исполнет со детска смеа, радост, музика и дружење, а учениците уште еднаш ни ја покажаа својата иновативност и креативност преку нивните маски. Општина Дојран е горда на овие млади дечиња, и искрено ни даваат надеж за светла иднина во нашата општина, а ние им посакуваме секој ден да им биде исполнет со радост и смеа како денешниот.











