Кеј 5-ти Ноември бб 1487 Стар Дојран • +389 34 225 278
Република Северна Македонија

Општина Дојран

Соопштенија

Авионска апликација на средство за уништување на ларви од комарци-01.06.2026 година (понеделник)

Авионска апликација на средство за уништување на ларви од комарци-01.06.2026 година (понеделник)

Се известуваат граѓаните од општина Дојран дека на ден 01 јуни 2026 година (понеделник) во раните утрински часови ќе се врши авионска апликација на средство за уништување на ларви од комарци на посочените локации- во пределот со трски помеѓу Нов Дојран и с. Николиќ и помеѓу Нов Дојран и Стар Дојран

Авионската апликација на средство за уништување на ларви од комарци ќе се спроведе истиот ден во утринските часови со препарати одобрени од надлежните институции во согласност со пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Апел до пчеларите : Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во најавениот термин на прскање.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email