Школата се реализира со учество на околу 60 млади од целата држава, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ и Регионалната канцеларија за младинска соработка – РИКО.
Во рамки на престојот во Дојран, градоначалникот на Општина Дојран Илија Тентов оствари средба со учесниците на школата, при што им посака пријатен престој и успешно реализирање на предвидените активности.
Ваквите иницијативи се од особено значење за младите, бидејќи создаваат можности за стекнување нови знаења и вештини, размена на искуства и градење нови пријателства.
Дојран со задоволство ги пречекува младите од целата држава и останува отворен за поддршка на настани кои ги поврзуваат младите, создаваат нови можности и носат позитивна енергија во заедницата.
Добредојдовте во Дојран! 




