Почитувани,
Општина Дојран бележи значителен напредок во најновиот Индекс на активна транспарентност за 2026 година, подобрувајќи го својот резултат за дури 27,2 процентни поени во споредба со претходното мерење.
Овој значаен напредок е резултат на интензивираното проактивно објавување информации, документи и податоци од јавен карактер, со што Општина Дојран оствари значително подобар резултат во однос на претходните години.
Со зголемување на индексот за 27,2 процентни поени, општината бележи значаен исчекор во унапредувањето на транспарентноста, отчетноста и достапноста на информациите за граѓаните.