Кеј 5-ти Ноември бб 1487 Стар Дојран • +389 34 225 278
Република Северна Македонија

Општина Дојран

Новости

Обезбедена нова механизација за Јавното комунално претпријатие „Комуналец-Полин“-Стар Дојран со поддршка од Министерството за локална самоуправа

Обезбедена нова механизација за Јавното комунално претпријатие „Комуналец-Полин“-Стар Дојран со поддршка од Министерството за локална самоуправа

Во Општина Дојран пристигна нова механизација, обезбедена со поддршка од Министерството за локална самоуправа, во вкупна вредност од 4.000.000 денари.
Механизацијата опфаќа:
  • трактор,
  • хидрауличен мулчер,
  • мулчер со кардан,
  • косилка,
  • приколка и
  • мини багер
Оваа опрема значително ќе ја олесни работата на комуналното претпријатие и ќе овозможи зголемување на капацитетот за одржување на јавните површини на територијата на целата општина.
Механизацијата ќе се користи за расчистување на бујната вегетација покрај главниот пат и кејот, одржување на улиците, како и за косење и уредување на тревните површини во сите населени места во Општина Дојран.
„Со оваа инвестиција вложуваме во почиста, поуредна и поубава општина, а воедно создаваме услови за подобри и поефикасни комунални услуги за сите наши сограѓани.
Упатувам голема благодарност до Министерството за локална самоуправа за поддршката и оваа значајна инвестиција во Општина Дојран.
Нашата обврска е оваа механизација одговорно да ја одржуваме и максимално корисно да ја користиме — во интерес на граѓаните и за подобар Дојран.
Продолжуваме посветено да работиме за нашата општина.“-изјави градоначалникот на општина Дојран, Илија Тентов.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email