Кеј 5-ти Ноември бб 1487 Стар Дојран • +389 34 225 278
Република Северна Македонија

Општина Дојран

Новости

5 Декември-Светски ден на волонтерството

5 Декември-Светски ден на волонтерството

Општина Дојран се приклучи кон одбележување на Светскиот ден на волонтерството, ден посветен на нашите херои кои несебично вложуваат од своето време, енергија и труд со една, единствена цел – служба на хуманоста.

⛑️ Волонтери од Клубот на млади заедно со градоначалникот на Oпштина Дојран – Илија Тентов, претставници од Советот и вработени во општината, реализираа заедничка хуманитарна акција за подготовка на пакети со храна за лица во социјален ризик.

🫂 Заедничката акција претставува поттик за афирмација и промоција на волонтерството како највисок акт на хуманост и солидарност.

Овој ден претстaвува симбол на солидарноста, хуманоста и посветеноста на секој еден волонтер во нашата заедница

❤️ Ви благодариме за секој момент посветен во служба на хуманоста и граѓаните.

#СекадеЗаСекого #СветскиДенНаВолонтерството #5Декември #ЦКМлади #општинаДојран

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email