Кеј 5-ти Ноември бб 1487 Стар Дојран • +389 34 225 278
Република Северна Македонија

Општина Дојран

Соопштенија

Апел до граѓаните за зголемена внимателност поради опасност од пожари во летниот период

Апел до граѓаните за зголемена внимателност поради опасност од пожари во летниот период

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани,

Поради најавените високи температури во текот на претстојниот летен период, значително се зголемува опасноста од појава и ширење на пожари на отворен простор.

Општина Дојран апелира до сите жители и посетители да покажат максимална одговорност и да придонесат кон заштита на животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните, почитувајќи ги следните препораки:

  • Да не палат оган на отворен простор;
  • Строго да се воздржат од палење на страишта по извршената жетва, сува трева, отпад и други запалливи материјали;
  • При забележување пожар или намерно палење оган, веднаш да ги известат надлежните институции: Полициска станица Нов Дојран, Доброволното противпожарно друштво Дојран, Територијалната противпожарна единица Гевгелија или да се јават на единствениот број за итни случаи 112.

Со одговорно однесување и навремено пријавување можеме заеднички да спречиме пожари и да ги заштитиме човечките животи, природните богатства и материјалните добра.

Ви благодариме за соработката и одговорниот однос.

Општина Дојран

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email