Почетна»Новости»5 Ноември- Денот на ослободувањето на Дојран
Новости
5 Ноември- Денот на ослободувањето на Дојран
5 Ноември- Денот на ослободувањето на Дојран
Nina Upcheva
По повод одбележувањето на 5 Ноември – Денот на ослободувањето на Дојран, беше реализирана богата и разновидна програма исполнета со спортски, културни, уметнички и свечени активности, со кои достоинствено го одбележавме овој значаен ден од историјата на нашиот град.
Во рамки на програмата се одржаа планинарски марш во организација на Планинарскиот спортски клуб „ДАБ“ – Дојран, карате турнирот „Дојран Опен“, настапот на Фолклорниот ансамбл „Мегдан“, како и ликовно и поетско творење на тема „Дојран најубав“.
Посебно внимание привлекоа и спортските активности, меѓу кои натпреварите во мал фудбал помеѓу учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Дојран и ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, како и атлетските трки со учество на учениците од ООУ „Кочо Рацин“.
Централното одбележување на празникот беше исполнето со свечена седница на Советот на Општина Дојран и положување свежо цвеќе во Стар и Нов Дојран, во чест и спомен на сите оние кои придонеле за слободата и историјата на нашиот град.
Во рамки на свеченоста, беа доделени и признанија на заслужни граѓани за нивниот особен придонес, посветеност и ангажман во развојот, афирмацијата и унапредувањето на општина Дојран. Со оваа гестикулација беше изразена благодарност и почит кон луѓето кои со својата работа и несебично залагање оставиле значаен белег во нашата заедница.
Благодарност до сите учесници, институции, ученици и граѓани кои со своето присуство и ангажман придонесоа за успешната реализација на програмата.
5 Ноември е ден на гордост, сеќавање и почит кон историјата на нашиот Дојран.
Дојран е повеќе од град – тој е наша историја, наш идентитет и наша гордост. Нека неговото минато ни биде потсетник, сегашноста наша обврска, а иднината заедничка визија. Со љубов, почит и заедништво да го чуваме и градиме Дојран за генерациите што доаѓаат.“