Кеј 5-ти Ноември бб 1487 Стар Дојран • +389 34 225 278
Република Северна Македонија

Општина Дојран

Новости

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“-Нов Дојран во едукативна посета на Градоначалникот и општинската администрација

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“-Нов Дојран во едукативна посета на Градоначалникот и општинската администрација

Во рамки на предметот Историја и општество, учениците од IV одделение од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран реализираа едукативна посета на Општината, каде имаа можност одблиску да се запознаат со нејзиното функционирање и работата на градоначалникот и општинските служби.
Преку разговор, дружење и поставување прашања, учениците стекнаа нови сознанија за тоа како се грижи општината за своите граѓани, како се решаваат нивните потреби и колку е важна улогата на локалната самоуправа во секојдневниот живот.
Ваквите посети се одлична можност учениците да научат нешто ново надвор од училишните клупи и знаењето да го поврзат со реалниот живот.
Децата се нашата иднина, а наша задача е да ги поттикнуваме да бидат љубопитни, активни, одговорни и свесни за општеството во кое живеат. Со секое ново знаење и искуство ги градиме темелите на подобра иднина!
Учиме денес, создаваме подобро утре! 🌟
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email