ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“
Општина Дојран ги поканува сите граѓани, здруженија, институции и компании да се приклучат на националната еколошка акција „Генералка викенд“, која ќе се одржи на:
📅 08 мај (петок)
🕘 со почеток во 09:00 часот
📍 Плоштад „Под Јаворите“
Целта на акцијата е заеднички да придонесеме кон почиста и поздрава животна средина преку собирање отпад и уредување на јавните површини.
Ги повикуваме сите заинтересирани да одвојат дел од своето време и да бидат дел од оваа значајна иницијатива. Со заеднички сили можеме да направиме видлива промена!
Да покажеме дека грижата за природата започнува од нас!