Образование

Институции

Во ЕЛС Дојран има едно основно училиште чијашто главна училишна зграда е лоцирана на ул. „Моша Пијаде“ бр. 14 во Нов Дојран. Во состав на основното училиште се и пет подрачни училишта во населените места: Стар Дојран, Николиќ, Фурка, Црничани и Ѓопчели со вкупно 267 ученици од I-IX одделение, запишани во учебната 2022/23 година и 33 наставници.

Од I – V одделение наставата се одвива во подрачните училишта, додека наставата за учениците од VI – IX одделение се одвива во централното училиште во Нов Дојран.

Училиштето располага со 16 училници, 9 специјализирани кабинети за предметна настава, библиотека, спортска сала, спортски игралишта, трпезарија со кујна, наставнички кабинети и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија за деца со посебни образовни потреби. Сите училници и кабинети се опремени со стандардни училишни табли, проектори и смарт – табли. Секој од специјализираните кабинети располага со соодветна опрема за предметот, кој во него се изучува.

Линкот на официјалната страна на училиштето: http://ooukocoracindojran.edu.mk/web/%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be/

ЈОУГД „Кокиче“ Дојран

ЈОУДГ Кокиче Дојран е прва градинка на територијата на о.Дојран. Отворена на 11.11.2014год., со седиште на ул. Антон Панов бр.24 во Нов Дојран, градинката е проектирана да згрижува 50 деца. Моментално градинката го надминува проектираниот капаците и згрижува 60 дечиња. Истите се распоредени во 3 групи, со нив работат воспитувачи и негуватели, кои се трудат секојдневно да ги згрижат и воспитат дечињата.
Институцијата во последните години расте и по број на дечиња, по површина и по стручност. Истата како што рековме го надмина проектираниот капацитет  – по број на дечиња, се прошири за 85м2 – по површина, а во тек е и отварање на стручна служба, со која ќе раководи нашиот логопед. Градинката работи секој ден од 06-16ч. во текот на целата година. Во градинката се приготвуваат и оброци за нашите најмили, во сопствена кујна. Целта на нашата градинка е да излезе во пресрет на сите родители, да ги згрижи и воспита сите дечиња и да создаде едни насмеани, среќни дечиња полни со љубов.

Линк на фејсбук страната на градинката:

https://www.facebook.com/people/%D0%94%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%D0%9A%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%87%D0%B5-%D0%94%D0%BE%D1%98%D1%80%D0%B0%D0%BD/100057272695745/?sk=about

Контакт:

+38934227650

kokicedojran@gmail.com

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility