Градоначалник

БИОГРАФИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ:

Анго Ангов е роден на 03.12.1984 година во Гевгелија.

Тој е дипломиран економист, дипломира на УКИМ во Скопје, Економски факултет, отсек сметководство и ревизија.

Од 2008ма година работи во ревизорско друштво Трио Консалтинг, се до 2013та година кога основа сопствена фирма за сметководство и ревизија “Ангов – консалтинг”.

Течно зборува англиски и француски јазик.

Оженет е и е татко на две деца.

Во 2017-та година, на локалните избори, жителите на Општина Дојран му ја доверија градоначалничката функција.