Во ЕЛС Дојран има седум редовни основни училишта со вкупно 365 ученици и 30 наставници, при што просечниот број на ученици на еден наставник изнесува 12. Од вкупно 365 ученици, во учебната 2005/ 2006 година од 1 – 8 одделение се запишани 333 ученици и 32 ученици во подготвителна настава – нулто одделение.Од 1 – 4 одделение наставата се одвива во подрачните училишта во: Нов Дојран, Стар Дојран, Николиќ, Фурка, Црничани, Ѓопчели и Куртамзали, додека од 5 – 8 одделение само во Нов Дојран. Од 2001 година во функција е нова училишна зграда на ЦОУ “Кочо Рацин” во Нов Дојран. Во рамките на училиштето постои и ученички дом за ученици од турска националност со вкупно 6 ученици.