П О В И К
Општина Дојран и оваа година продолжува со зголемена финансиска поддршка од 6.000 на 10.000 денари за семејствата за секое дете запишано во прво одделение на територијата на општина Дојран.
Согласно одлуката на Совет на општина Дојран бр. 08-854/19 на 22.05.2026 година се повикуваат семејствата за секое дете запишано во прво одделение најдоцна до 21.09.2026 година да поднесат барање до архивата на општина Дојран за доделување на еднократна парична помош.
Потребни документи за да се поднесе барање се:
– Потврда за запишан ученик издадена од ООУ ,,Кочо Рацин” Нов Дојран
– Фотокопија од лична карта или патна исправа на родителот/подносителот со адреса на живеење на територијата на општина Дојран
– Фотокопија од трансакциска сметка
Оваа мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовката за почетокот на учебната година и притоа на сите идни првачиња им посакуваме успешен почеток на новото животно поглавје, многу знаења, другарства и убави училишни спомени.



