Градоначалник
Илија Тентов
Илија Тентов е роден на 01.06.1988 година.
Тој е дипломиран економист, дипломира на УКИМ во Скопје, Економски факултет, отсек маркетинг.
Започнувајќи од 2011 до 2016та година работи во приватна фирма за угостителство и туризам, подоцна од 2016та до до 2019та година работи во ДГТ Жикол комерција, па од 2019та година до стапувањето на функција градоначалник повторно работи во сопствената приватна фирма за туризам и угостителство.
Течно зборува англиски јазик.
Оженет е и е татко на две деца.
Во 2025-та година, на локалните избори, жителите на Општина Дојран му ја доверија градоначалничката функција.