На покана на Амбасадорката на Р. Бугарија во Р. Македонија, Даниела Будинова, Градоначалникот Ангов беше гостин во резиденцијата на Бугарската Амбасада во Македонија.

На работната средба со г-ѓа Будинова и нејзините соработници од Амбасадата беше разговарано за поголема промоција на Дојран помеѓу бугарските туристи кои би сакале да го посетат нашето место, за инвестиции во Дојран и продолжување на туристичката сезона со креирање интересна понуда примамлива за нашите источни соседи.

Исто така, соговорниците се согласија дека заедничка презентација на европскиот пазар ќе биде од интерес на двете страни.

Набрзо Амбасадорката Даниела Будинова ќе биде официјален гостин во Општина Дојран и детално ќе ги разгледа можностите, капацитетите и природните убавини кои ги нуди нашата општина.

Претходна Договорот за национално кофинансирање на проекти од првиот повик за предлог проекти финансирани од Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014 – 2020 година

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility