за сите корисници на подвижни и/или привремени објекти за продажба на храна на јавен простор

Општина Дојран по известување од Агенцијата за храна и ветеринарство, ги информира сите корисници на подвижни и/или привремени објекти поставени на јавен простор врз основа на издадено Одобрение од Општина Дојран, а кои вршат дејност продажба на храна во истите, дека при вршењето на дејноста задолжително треба да ги исполнуваат условите пропишани со прописите за храна во рамките на бизнисот со храна кој е под нивна контрола во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храна („Службен весник на Република С.Македонија“ бр.157/10, 123/15, 209/23), како и барањата наведени во член 13 од Правилникот за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите барања за храна (Сл.Весник на РМ бр.12/2012).

Дополнително, сите подвижни и/или привремени објекти за продажба на храна треба да бидат регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство во согласност со Правилникот за формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло, формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од животинско потекло, формата и содржината на барањето за регистрација и начинот на регистрација на операторите со храна и објектите (Сл.Весник на РМ бр.49/2011, 15/2012).

Во спротивно, доколку при контрола од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство се утврди дека објектите не ги исполнуваат условите согласно важечките законски прописи и не се регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе бидат преземени соодветни мерки во согласност со закон и ќе биде изречена забрана за вршење дејност- производство и промет со храна.

Во прилог се прикачени линкови од законските и подзаконските акти.

Previous Богојавление-Водици

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility