Во рамки на активностите за заштита од комарци и спроведување на Програмата за дезинсекција, се известуваат граѓаните на општините од Југоисточниот плански регион дека на 11 и 17 јули 2025 година ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред:

Петок, 11 јули 2025 година, на територијата на општините Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Валандово и Дојран во претпладневните часови ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција.

Четврток, 17 јули 2025 година, на територијата на општините Валандово, Дојран, Ново Село, Босилово, Василево и Струмица во вечерните часови од 20:00 до 24 часот ќе се спроведе теристична дезинсекција против комарци (од земја). 

Дезинсекцијата ќе се реализира со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во согласност со сите пропишани здравствени, безбедносни и еколошки стандарди. Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во прв следен поволен термин.

Апел до пчеларите: Се замолуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.

Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања. 

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Previous Ларвицидна дезинсекција

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility