Општина Дојран
18.02.2026
СООПШТЕНИЕ
Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Предлог План за управување со споменикот на природа „Дојранско Езеро“ (2026–2035), е ставен на на увид од страна на јавноста на веб страната на Општина Дојран на следниот линк:
Јавниот увид и рокот за поднесување на забелешки и коментари од страна на јавноста е 30 дена, од 18.02.2026 до 18.03.2026 година.
Забелешките и коментарите може да се поднесат по писмен пат, на некоја од следните електронски адреси: aleksandra.s@mkm.mk или dojran@t.mk; ana.tonceva@gmail.com; nina.upcheva@hotmail.com или по пошта на следната адреса: Општина Дојран, Кеј 5-ти Ноември бб, 1487 Стар Дојран.
Деталите за одржување на јавната расправа (датум, време и место) ќе бидат објавени дополнително на нашата веб страна.