На покана на Амбасадорката на Р. Бугарија во Р. Македонија, Даниела Будинова, Градоначалникот Ангов беше гостин во резиденцијата на Бугарската Амбасада во Македонија.

На работната средба со г-ѓа Будинова и нејзините соработници од Амбасадата беше разговарано за поголема промоција на Дојран помеѓу бугарските туристи кои би сакале да го посетат нашето место, за инвестиции во Дојран и продолжување на туристичката сезона со креирање интересна понуда примамлива за нашите источни соседи.

Исто така, соговорниците се согласија дека заедничка презентација на европскиот пазар ќе биде од интерес на двете страни.

Набрзо Амбасадорката Даниела Будинова ќе биде официјален гостин во Општина Дојран и детално ќе ги разгледа можностите, капацитетите и природните убавини кои ги нуди нашата општина.

Previous Договорот за национално кофинансирање на проекти од првиот повик за предлог проекти финансирани од Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014 – 2020 година

Заследете не

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Општина Дојран 2023 - Сите права се задржани

Accessibility