На плажата “Калдрма” во Нов Дојран денес се изврши порибување со 1.750 килограми порибителен материјал од крап.

Согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура, порибувањето претставува добро од јавен интерес во областа на рибарството.

Заради одржување и зголемување на рибниот фонд, Владата на Република Македонија, во годишните програми за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата предвидува мерки и обезбедува финансиски средства за порибување на риболовните подрачја и риболовните зони.

Порибувањето на риболовните подрачја, а со тоа и на Дојранското Езеро е обврска на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Порибувањето, Минстерстото го врши преку регистрирани репроцентри.
Водите на Дојранското Езеро се порибуваат согласно риболовата основа за риболовното подрачје Дојранско Езеро.
И оваа година во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018та година е предвидена мерка за порибување на Дојранското Езеро. Со планираните средства за оваа намена се обезбедени 1.750 килограми порибителен материјал од крап.

Порибувањето го изведува регистрираниот репроцентар Акватика ДООЕЛ – Неготино, кој имаше обврска да произведе најмалку 12000 единки подмладок од крап со тежина помеѓу 50 и 200 грама (просечна тежина од 150 грама) и да го пориби езерото до крајот на месец октомври согласно динамиката на активности.

Порибувањето претставува реализација на обврските и заложбата на Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за достигнување на резултатите од времињата кога, според податоците, Дојранското Езеро беше регистрирано како едно од најпродуктивните езера во Европа.

Previous Делегација од Општина Тројан во посета на Општина Дојран.

Заследете нè

Кеј 5-ти Ноември бб
1487 Стар Дојран,

Пон – Петок
07:30 – 15:30

Приемни денови

Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Одделение за урбанизам – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Комунално одделение – секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот

Новости и ажурирања

Најновите вести, написи и ресурси на Општина Дојран, испратени директно до вашата е-маил адреса.

Accessibility