Месец: м.г

Работна средба со Амбасадорот на Р. Франција во Р. Македонија, г-дин Кристијан Тимоние.

Градоначалникот Ангов денес оствари работна средба со Амбасадорот на Р. Франција во Р. Македонија, г-дин Кристијан Тимоние.

Амбасадорот покажа особен интерес за историјата на Дојран, фронтовата линија од Првата Светска Војна и изрази желба за соработка во областа на историскиот туризам.
Градоначалникот и Амбасадорот разменија мислења и идеи за развој на културата во Општина Дојран, уметноста, алтернативниот туризам, а секако беше разговарано и за можноста нашата општина да користи средства од ЕУ фондовите и останати фондови кои нудат грантови и средства за развој на општините. 


Амбасадорот изјави дека е воодушевен од природниот потенцијал на општината и најави дека ќе присуствува на прославата на 5ти Ноември, денот на ослободувањето на Дојран. Исто така, тој изјави дека следната посета ќе ја искористи за да го посети основното училиште “Кочо Рацин” во Нов Дојран за да види како се одвиваат часовите по француски јазик
Соработката на Општина Дојран со Амбасадата на Р. Франција ќе се интензивира во наредниот период на заедничко задоволство на двајцата соговорници, а во интерес на граѓаните на Дојран.

Одбележан европскиот ден на соработката

До пред некој месец, заради долг од 150 илјади евра Дојран висеше од програмата за прекугранична соработка со Грција финансирана од ЕУ. Но сега ова  мала општина ќе инсталира мерни станици за квалитетот на водата со лабаратории и ќе набави брод за сечење на езерската трска а ќе се гради  и биогасна централа за енергија вредни милион евра.

„Ова е пример како две соседни држави може да соработуваат и работат за доброто на граѓаните. Убеден сум дека животот е подобар ако се живее со разбирање и позитивен поглед на работите и со добри пријатели. Дојран е симбол на пријателство, надеж и просперитет“ – изјави Анго Ангов, градоначалник на Дојран.

Решавање на проблемите и потребите на граѓаните во прекуграничните региони само ја зацврстува соработката помегу две држави и тоа е иднината на ЕУ, истакна Алксандрос Самарас од управувачкото грчко тело за спроведување на програмата за прекугранична соработка на ЕУ меѓу Грција и Македонија.

„Иднината на ЕУ е дасе ибегне нејзино втиснување и понатамошно продлабочување. Продолжуваме да ги отстрануваме бариерите. Нашата цел е да ги изградиме и зајакнеме прекѕгранилните врски и да се фокусираме на балансиран развој на двете страни на границата.“ – изјави Александрос Самарас, управувачко тело за ЕУ проекти.

Во Дојран беше одбележан Европскиот ден на соработката а според министерот за локална самоуправа Сухјел Фазлиу програмата за прекугрнична соработка создава  јасни перспективи за членство во ЕУ.

„Тие се во секојдневна комуникација. Соработката е воспоставена и благодарение на заедничките проекти кои се финансираат со сретства од ИПАРД програмата на ЕУ.“ – изјави Сухјел Фазлиу – министер за локална.

Досега од програмата за прекугрнаична соработка со Грција во земајва искористени се 15 милиони евра за реализација на 40 тина проекти. Вториот јавен повик ќе тежи 45 милиони евра.

Акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје

Акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје во Стар Дојран денес спроведоа учениците од О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран, во соработка со Општина Дојран. Целта е да се подигне свеста кај најмладите за хигиената и за значењето на животната средина.

Ова случување е предвесник на настанот кој е закажан за во петок, 12.10.2018та година, а повод ќе биде Европскиот ден за соработка во рамки на Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Република Грција.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за претстојниот настан кој ќе се спроведе со финансиска поддршка во рамките на Интерег ИПА Програмата, оддавајќи посебно внимание на соработката помеѓу Националното тело и Управувачкото тело во Програмата.