До пред некој месец, заради долг од 150 илјади евра Дојран висеше од програмата за прекугранична соработка со Грција финансирана од ЕУ. Но сега ова мала општина ќе инсталира мерни станици за квалитетот на водата со лабаратории и ќе набави брод за сечење на езерската трска а ќе се гради и биогасна централа за енергија вредни милион евра.
„Ова е пример како две соседни држави може да соработуваат и работат за доброто на граѓаните. Убеден сум дека животот е подобар ако се живее со разбирање и позитивен поглед на работите и со добри пријатели. Дојран е симбол на пријателство, надеж и просперитет“ – изјави Анго Ангов, градоначалник на Дојран.
Решавање на проблемите и потребите на граѓаните во прекуграничните региони само ја зацврстува соработката помегу две држави и тоа е иднината на ЕУ, истакна Алксандрос Самарас од управувачкото грчко тело за спроведување на програмата за прекугранична соработка на ЕУ меѓу Грција и Македонија.
„Иднината на ЕУ е дасе ибегне нејзино втиснување и понатамошно продлабочување. Продолжуваме да ги отстрануваме бариерите. Нашата цел е да ги изградиме и зајакнеме прекѕгранилните врски и да се фокусираме на балансиран развој на двете страни на границата.“ – изјави Александрос Самарас, управувачко тело за ЕУ проекти.
Во Дојран беше одбележан Европскиот ден на соработката а според министерот за локална самоуправа Сухјел Фазлиу програмата за прекугрнична соработка создава јасни перспективи за членство во ЕУ.
„Тие се во секојдневна комуникација. Соработката е воспоставена и благодарение на заедничките проекти кои се финансираат со сретства од ИПАРД програмата на ЕУ.“ – изјави Сухјел Фазлиу – министер за локална.
Досега од програмата за прекугрнаична соработка со Грција во земајва искористени се 15 милиони евра за реализација на 40 тина проекти. Вториот јавен повик ќе тежи 45 милиони евра.