Месец: м.г

Дојран добитник на најголемиот грант од 1,5 милиони евра

Општина Дојран го доби проектот со наслов “Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“. Проектот беше аплициран преку програмата ПЛРК, финансиран од ЕУ и Владата на Р.М, а администриран по правилата на Светска Банка.

Проектот содржи:
– Партерно и хортикултурно уредување на сите паркови и зеленила од Вила на Влада на Р.М до летната сцена, односно училиштето во Стар Дојран;
– Реконструкција на летна сцена и уредување околу истата;
– Пристапен пат до летната сцена;
– Пристапен пат до фронтовата линија од Првата Светска Војна и конечно ставање во функција на Фронтовата линија;
– Дојран SAVE City, систем за утврдување на точен број на влез и излез на возила;
– Изработка на видео спотови и промотивни материјали за промоција на Дојран;
– Маркетинг кампања за Дојран која ќе се спроведува во соседните држави за поголема промоција и поголем број на странски туристи.

Потпишан договор за соработка со Општина Свиштов

Градоначалникот на Општина Дојран заедно со неговиот колега од Општина Свиштов, Република Бугарија денес потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот има за цел продлабочување на соработката помеѓу двете општини, зголемена промоција на Општина Дојран на бугарскиот пазар и подобри туристички понуди за граѓаните од двата града. Градоначалникот на Свиштов, Генчо Генчев изрази големо задоволство што е гостин во Општина Дојран и го покани градоначалникот Ангов да ја возврати посетата во Свиштов, Република Бугарија.