Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје и општината Дојран вчера во просториите на Општина Дојран потпишаа меморандум за соработка.
Заедничка цел на двете страни е да спроведуваат истражување, креирање, развој и промоција на европски образовни, социо-културни и економски политики на национално и меѓународно ниво, со посебен акцент на унапредувањето на образовниот, економскиот, културниот и општествениот статус на сите категории на граѓани (децата, младите и возрасните).
Во оваа смисла, Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје и општина Дојран, покажаа интерес да изградат партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги остварат заедничките цели преку реализирање на взаемни проекти во сферата на образовниот, економскиот, социо-културниот и општествениот живот.
Страните се сложија да воспостават блиска соработка за остварување на своите програмски определби и цели.
Соработката ќе се одвива преку аплицирање и учество во проекти чија цел е унапредување на едукативните, економските и социо-културните услови во С. Р. М со посебен акцент врз унапредувањето на економскиот, културниот и општествениот статус на граѓаните на национално и меѓунационално ниво, согласно плановите и програмите на двете страни.