Месец: м.г

Набавка на образовни помагала

Во рамки на годишниот план за работа на Комисијата за еднакви можности предвидена е набавка на образовни помагала за деца со посебни потреби во О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран. Децата со пречки во развојот имаат исти основни физиолошки, социјални и емоционални потреби како и другите деца. Вклучувањето во редовните училишта ќе им овозможи рамноправен однос од страна на општеството. Идејата за рамноправност помеѓу женскиот и машкиот пол се учи од најрана возраст и токму затоа во секоја годишна програма, Координаторот за еднакви можности, Магда Ангова како приоритетна целна група за работа ги става токму децата од предучилишна и училишна возраст. Комисијата за еднакви можности изминатата година одреди финансиски средства за набавка на детски играчки во ЈОУГД “Кокиче” Нов Дојран и беа организирани обуки за родово ненаслиство и толеранција во училиштата. Грижата за најмладите продолжува и останува приоритетна област во работењето на општинската администрација.
#децатапредсе #родоваеднаквост #учимезародоватаеднаквост

Демант до Комисија за локална самоуправа на ВМРО – ДПМНЕ

Демант до Комисија за локална самоуправа на ВМРО – ДПМНЕ

         

По повод написот на 21.01.2020 во порталот kurir.mk, вест со наслов “Власта пред избори им ја продава водата на дојранчани” испраќаме демант до комисијата на ДПМНЕ дека ова е јавно приватно партнерство, а не продажба на водата. Водата не може да биде предмет на продажба, ниту законот тоа го дозволува. Ова е концепт на јавно приватно партнерство за подобрување на услугите на граѓаните.

Додека некој го крадеше и урнисуваше ЈПКД, друг се обидува да изнајде решение за долговите кои ги оставија, празниот буџет и лошиот имиџ кој го демне јавното комунално претпријатие во Дојран. Доказ за тоа се судските постапки кои се водат за криминалот во јавното претпријатие “Комуналец” Стар Дојран.

Додека некој носеше одлуки без да го праша народот, некој му дава право и можност самиот да одлучи и избере за крупни одлуки во општината по пат на референдум. Затоа што гласот и зборот на граѓаните се најважни за нас.

Уште еднаш нагласуваме дека ова е надпартиска работа и политиката не треба да се меша. Сите граѓани на општина Дојран се тие кои одлучуваат, а не партиските штабови. Да им дозволиме на граѓаните сами да одлучат. Нашата работа е само да го образложиме концептот. Затоа ги повикувам партиските структури и Претседателот на општинската организација на ДПМНЕ, сите членови на Советот и Претседателот на Советот да излеземе заедно, да го образложиме концептот и да ги оставиме граѓаните сами да одлучат без никакви партиски притисоци.

 

        

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина

Во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ Центарот за развој на Југоисточниот плански регион организира информативни денови за користење на нови методи во земјоделството и подигање на свеста на земјоделските производители за прекуумерното третирање на почвата.

 Во рамките на проектот поставени се 23 Агрометеоролошки станици во сите општини од Југоисточниот регион кои ќе овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки за управување со земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.

 Се повикуваат сите земјоделски производители и заинтересирани страни да земат учество на информативните денови и да се информираат за начинот на добивање на бесплатни временски информации (влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести).

 

Распоред на информативни денови:

За О.Валандово и О.Дојран

Датум: 16.01.2020 (четврток)

Време: 12:00 часот

Локација: Дом на Култура „25ти Мај“, Валандово

Проектот го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со сите општини од регионот со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

 

Одлука за започнување постапка за доделување договор за воспоставување на јавно приватно партнерство

Советот на општина Дојран на седница одржана на 30.12.2019та година донесе одлука за започнување постапка за доделување договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за финансирање, проектирање, стопанисување, одржување, изградба, реконструкција и обнова на системот за водоснабдување и третман на отпадни води во општина Дојран.

Одлука за распишување на референдум на локално ниво

Советот на Општина Дојран распишува референдум за подрачјето на општината Дојран заради изјаснување на граѓаните за доделување договор за јавно приватно партнерство за комуналните услуги, снабдување со вода за пиење на населението во општина Дојран, одведување на урбани отпадни води и третман на урбани отпадни води во општина Дојран.

На референдумот на локално ниво граѓаните на општината Дојран ќе треба да се изјаснат за прашањето:

“Дали сте ЗА или ПРОТИВ доделување на договор за јавно приватно партнерство за услугите, снабдување со вода за пиење, одведување наурбани отпадни води и третман на урбаните отпадни води во општина Дојран.