Месец: м.г

Благодарност до г-ѓа Соња Абаџиева

Општина Дојран и О.О.У “Кочо Рацин” од Нов Дојран изразуваат голема благодарност за донацијата на книги од нашата позната и ценета Соња Абаџиева, ќерка на еден од најпознатите дојранчани Ѓорги Абаџиев.

Нејзината донација е од голема важност за зголемување на училишниот книжевен фонд, како и за поттик на читатeлските навики кај младите во Дојран.

Г-ѓа Соња Абаџиева во многу наврати покажала дека е вистински вљубеник во Дојран, човек со големо срце, исто како и нејзината ценета фамилија Абаџиеви.

Нејзината донација на книги е за поздравување и почит.

Благодариме од срце и ве очекуваме во Дојран да ни бидете почесна гостинка.

 

 

Известување за тендер – 23.03.2020

Општина Дојран започнува тендерска постапка за Конзервација – обновување на Саат Кулата и Турската Бања (Амам) и изградба на пристапна патека во Дојран, со арх.бр. CB006.2.23.108/PP1-1. Тендерската постапка е започната во рамките на Проектот  ‘’Оживување на безвременските симболи на Дојран и Невестино, со арх. бр. CB006.2.23.108, имплементиран со финансиска подршка од ИНТЕРЕГ – ИПА ЦБЦ Програмата, Бугарија – Северна Македонија 2014 – 2020’’

 

Тендерското досие е достапно на следниве веб-страни:

Крајниот рок за доставување понуда е 23.04.2020 14:00h (локално време).

Можните дополнителни измени во врска со оваа тендерска постапка ќе  бидат објавени на горенаведените веб страни.

Целосната тендерска документација симнете ја со кликнување овде.

 

Известување

Ги известуваме граѓаните на општина Дојран дека Владата на Република Северна Македонија на својата 15-та редовна седница донесе одредени заклучоци кои се однесуваат на превенцијата од ширење на корона вирусот.

Истите потребно е да се почитуваат и од страна на физичките и правните лица на територијата на Општина Дојран:

· Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот.

· Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

· За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски.

· Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници.

· Да се забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 30 дена.

· Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена (согласно листата на Светската здравствена организација). · Да се препорача на возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

· Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.

· Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

· Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски мерки.

Известување

Почитувани граѓани,

 

Постапувајќи по најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на КОВИД-19 (корона вирусот)  согласно информацијата на Управничикот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здраство, Општина Дојран  ви препорачува:

 

1.Сите потреби услуги и барања од службите на Општина Дојран да ги извршувате  преку телефон од 07:30 до 15:30 часот или преку електронска пошта (email) – dojran@t.mk

ФИКСЕН ТЕЛЕФОН (ЦЕНТРАЛА): 034/225-278

УРБАНИЗАМ: Блажо Катранџиев -071-207-383

Мито Велчев: 070-328-125

СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ: Катерина Тунева:070-355-679

Никола Бојаџиев: 071-329-435

АРХИВА: Милка Ајцева: 071-207-381

 

ДАНОЦИ: Љупчо Кадиев : 071-207-384

 

ПРАВНА СЛУЖБА: Дарко Качаков: 071-207-382

Раководителите ќе ги примат вашите прашања и проблеми и ќе ве упатат во понатамошна постапка.

СЕ НАДЕВАМЕ НА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ

И БЛАГОДАРИМЕ ЗА СОРАБОТКАТА

 

ОПШТИНА ДОЈРАН

Градоначалник

Анго Ангов